Груби се сретна со германската амбасадорка Алтхаузер

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби денеска имаше средба со амбасадорката на Германија Кристине Алтхаузер на која било разговарано за состојбата и политичката сцена во земјата, спорот за името, јазичната еднаквост, системските реформи и интеграцијата во НАТО и ЕУ, соопшти собраниската Комисија за европски прашања.
- Пратеникот Груби и се заблагодари на германската амбасадорка за големата поддршка на Берлин и нејзината лична поддршка за оформување и создавање на една демократска Македонија која ќе биде целосно интегрирана во НАТО и ЕУ. Беше укажано за улогата што ја имаше германската амбасадорка Алтхаузер за време на политичката криза која беше многу конструктивна и во исто време пријателски натроена кон земјата и граѓаните, стои во соопштението.
Груби, како што се наведува, зборуваше и за различните идеи за решавање на прашањето за името и побара помош од Берлин за надминување на овој предизвик, со што, изрази уверување за решавање на споровите во Скопје преку системските реформи.
Претседателот на собраниската Комисија, исто така, рекол дека постигнувањето на еден компромис за добивање на покана за членство во НАТО го отвора патот на одржлива стабилност во земјата и регионот.
Соговорниците разговарале и околу јазичната еднаквост во согласност со Охридскиот Договор, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
