Груби: Не коментираме судски одлуки, за „Монструм“ баравме целосно повторување на судскиот процес

Првиот вицепремер во Владата и висок функционер во ДУИ Артан Груби денеска не сакаше да ги коментира последните случувања во врска со слуајот „Монструм“ и убиството на Смилковското Езеро, како и барањето за затворски казни на обвинителката Фатиме Фетаи. Груби нагласи дека единствен момент кога ДУИ била вмешана во овој случај, било барањето за целосно повторување на судењето.
– Не ги коментираме судските одлуки. Прашањето беше дали е вмешана политиката во овој случај. Единствен момент каде што ние како политичка партија бевме вмешани во овој случај беше во барањето да се повтори судењето, поради недовербата на целата јавност во одлуката на Судот претходно. Тоа го постигнавме. Отука па натаму е работа на Обвинителството, на судството, на одбраната во судска постапка да ги докажат своите аргументи, рече Груби на прес-конференција.
И покрај инсистирањето на новинарите, тој беше дециден дека тој може да одговори само за нивното барање, а тоа, како што потенцира, „апсолутно повторување на целиот судски процес и тоа го постигнавме“.
– Одбраната, обвинителството и судството се во доказна постапка, и се надевам дека заврши така како што налагаат доказите. Не сакам да коментирам одлука или пак, во овој момент тоа е став само на обвинителството, судот го нема кажано последниот збор, ова е само еден дел на една странка во процесот, рече Груби.
Ново на Сител
-

Мирно и без инциденти на комеморативниот собир во Нови Сад
-

Црногорската полиција уапси двајца Азербејџанци за инцидентот што предизвика насилства низ земјата
-

Македонските ракометари поразени од Јапонија
-

54-годишна жена од битолско повредена со воздушна пушка додека била на нива
-

Кривични пријави за матичари и советници кои овозможиле жена да користи два идентитети
-

За следење на вториот круг од локалните избори акредитирани 1598 набљудувачи, 933 домашни и 651 меѓународен
-

При претрес во охридско пронајдени дрога, оружје и муниција | ФОТО
-

Во гостиварската полиција пријавено дека малолетник се затрул од алкохол во угостителски објект
