Груби – Кундурос: Грција силно го поддржува отворањето на преговорите за Северна Македонија со ЕУ
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорот на Република Грција во Скопје, Русос Кундурос на која се согласија дека се создадени одлични услови за натамошно унапредување на односите меѓу двете земји, како во областа на енергетиката и економијата, така и во сите други области кои се важни за доброто на граѓаните, информираат од кабинетот на вицепремиерот Груби.
Како што се наведува во соопштението, Груби и Кундурос за време на средбата оцениле дека интеграцијата на Западниот Балкан во Европската Унија е дополнителен придонес за регионалната стабилност и дополнителна можност за имплементација на европските стандарди, а со ова и развојот на целиот регион.
Двајцата соговорници се согласиле дека со потпишувањето на Преспанскиот Договор, отворени се големи можности за развојот на односите меѓу двете земји.
-Грчкиот амбасадор му ја пренесе и силната поддршка од грчката држава во однос на надминувањето на спорот со Република Бугарија и за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија. На оваа средба Груби и Кондурос разговараа и за регионалните актуелности, особено за отворените спорови во Западен Балкан, се наведува во соопштението.
Груби и Кундурос на крајот од средбата заклучиле оти Северна Македонија и Грција промовираат стабилност на целиот Западен Балкан преку билатералното пријателство.
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека погодила речиси 2.000 цели во Иран
-

Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо
-

Собранието ќе избира заменици министри за одбрана и за образование
-

Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
