Груби ја повика српската заедница да се попише
Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска продолжи со средби со претставници на граѓанското општество од српската заедница во Република Македонија.
Груби, како што информираат од неговиот кабинет, на состанокот истакнал дека општеството ќе биде еднакво кога сите ќе се посветиме на правата на другите и дека Министерството што тој го води ќе остане отворено за соработка со сите заедници.
Состанокот, се вели во соопштението, имал за цел информирање за процесот на Пописот и потребата за кампања од влијателните личности за сензибилизација на заедницата за регистрација, како обврска, но и за да ги користат правата на заедниците што произлегуваат од Охридскиот договор, бидејќи на овој начин земјата ќе има поточен преглед на податоците за населението.
Соговорниците, исто така, разговарале и за начините и формите на мобилизација за да ги охрабрат граѓаните да се регистрираат во дијаспора и во земјата.
Ново на Сител
-   
          

Ердоган: Израел продолжува со окупација и напади врз Појасот Газа
 -   
          

Усмртен велосипедист на мостот „Гоце Делчев“
 -   
          

Поскапуваат горивата за половина до еден денар по литар
 -   
          

Лажен поп кој пеел за покојните на Задушница уапсен на гробиштата во Ѓорче Петров
 -   
          

Тешко повредено момче при тепачка во кавадаречко, приведено едно лице
 -   
          

Костадин Ацевски поднесе оставка во СДСМ, го повика Филипче и целото раководство да го стори истото
 -   
          

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата
 -   
          

Попладне и утре врнежи од дожд и засилен ветер
 
