Груби: Едвај чекам да го видам денот кога патриотите на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за Села и Алијанса
„Коалиција 27“ ја нарекуваат по социјалните мрежи. Тоа е коалиција на поделби, не е коалиција на заедништво, коалиција на Скопје 2014, не Скопје заедничко наше кажа денес на прес-конференција министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби одговарајќи на новинарско прашање што мисли за кампањата на противничките политички партии.
- Едвај чекам да го видам денот кога сите гласачи на Алијансата со цело свое срце, со цел тој ентузијазам, со цела таа љубов ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, и обратно сите тие патриоти на ВМРО-ДПМНЕ, сите тие кои што влегоа на 27ми април во Собранието, сите што го поддржуваат Скопје 2014 ќе гласаат со големо убедување и цело срце за Зијадин Села и Алијансата. Едвај чекам да го видам 17ти октомври, рече Груби.
- Утре ќе се одржи централно претседателство во Гостивар каде претседателот Ахмети ќе претстави 18 кандидати за градоначалници за 18 општини. Очекуваме сите тие да бидат победници. Сите тие имиња се проверени на бројни анкети и ја имаат поддршката од сите граѓани во нивните општини, додаде Груби.
Ново на Сител
-

Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите предлози може да се најде решение за почеток на преговори со ЕУ
-

Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор
-

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране
-

Се трага по 4 годишно дете од Македонија кое исчезнало на познато албанско летувалиште
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
