Македонија
19. March 2021 - 11:39

Груби: Добивме максимална поддршка од Косово во однос на пописот

„Со претседателката на Косово Османи, вицепремиерот разговараше на повеќе теми поврзани со интересите на Македонија и Косово, вклучително и за договорите кои треба да бидат потпишани веднаш и без одлагање по формирањето на новите институции во Приштина, но исто така разговараше и за процесот на пописот на население што е веќе во тек е во Македонија“, соопштија од кабинетот на Артан Груби.

Според нив, главна тема на целодневните средби на вицепремиерот било барањето поддршка и апелирањето до албанската дијаспора за учество на пописот на населението во Македонија.

„Груби исто така рече дека претседателката на Косово, Османи и ветил дека ќе обезбеди максимална поддршка во однос на процесот на пописот, имено ќе покрене сензибилизација на албанската дијаспора“, велат од Кабинетот.

Потоа Груби се сретнал и со претседателот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, кој побарал да се мобилизираат за да се самоосвестат иселениците за да се попишат.

„Се мобилизираме за да помогнеме да се самоосвестат околу пописот на население во Македонија“, посочил Харадинај.