Груби: Ако не постоеше Ахмети Албанците ќе требаше да го измислат, не гледам кој може да му изврши притисок
Кога Али Ахмети зборува за иднината на Македонија, а во тој контекст за евроинтеграциите и за широк партиски консензус, треба сериозно да се слушнат неговите аргументи, зашто неговото искуство е огромно и нему никој од нас во ДУИ не може да му врши притисок, рече вицепремиерот Артан Груби во интервју за ТВ Клан.
– Господинот Ахмети е една од ретките национални личности, учесник во три војни, учесник во сите револуционерни движења на албанската нација во минатото и не гледам кој од нас може да изврши притисок врз господинот Ахмети. Било да е Артани, било да е Бујари или Крешнику. Ако Ахмети не постоеше ќе требаше да се измисли – вели Груби.
За можното влегување на Алијанса за Албанците во Владата, Груби вели дека за да се случи тоа никој не мора да излезе, па ни Алтернатива. Тој нагласи дека е важно да се создаде голем проевропски политички фронт за соочување со антиевропските сили.
– Токму тоа и беше причината за влез на Алтернатива на Африм Гаши во Владата минатата година. Зошто сега Алтернатива би се откажала од власта поради каква било функција повеќе или помалку, кога повторно во прашање е проевропскиот процес? Како може да го напушти процесот на половина пат само поради една или две причини? – рече Груби.
Ново на Сител
-

Во Хрватска се урна турски авион „Ер трактор“
-

Без победник на тестот на македонската репрезентација против Летонија
-

Проектот BRT ќе се имплементира кон средина на следната година
-

Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија
-

Сијарто: Европските пари не треба да се користат за финансирање на корумпираната украинска воена мафија
-

Започна проектот за спас на велешко езеро „Младост“
-

Француската полиција ја ослободи жената приведена за грабежот во Лувр
-

Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија
