Груби: Ахмети го има народот зад себе

Мојот однос со претседателот Али Ахмети е како односот на сите вас кои сте убедени во неговиот животен пат, неговата правда, неговата визија, неговата национална вредност за сите Албанци. Искрената намера на мојата изјава беше да ја истакнам неоспорната вистина дека на Али Ахмети му е потребен народот, колку што му треба на народот Али Ахмети, но една несреќна мешаница на моите зборови погрешно ја претстави намерата, за што, ми е криво, истакна вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска на Фејсбук.
Тој во неговата објава наведе дека Ахмети ја земал моќта за дејствување од народот и го има народот зад себе во текот на целото негово политичко работење.
– Тој продолжува да биде непоколеблив визионер во исполнувањето на идеалите за напредок и интеграција. Тоа се докажа во сите прогресивни процеси низ кои мина државата, каде што Ахмети и луѓето зад него постигнаа слобода, еднаквост, обезбедија интеграција на земјата во НАТО и ги задржаа вистинските колосеци на евроинтеграциите. Неговата и наша единствена мисија е да им служиме на луѓето и да обезбедиме подобра иднина со тоа што ќе ви служиме на сите вас, посочи Груби, опишувајќи го лидерот на Демократската унија за интеграција, Ахмети.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
