Грозоморна судбина: Невеста загина само неколку минути пред свадбата
Видео снимката на Бразилката Роземер Насименто Силва, која загина само неколку минути пред свадбата, го обиколи светот.
Силва (32) од Сао Паоло сакала да го изненади сопругот и на нивната свадба да пристигне со хеликоптер.
Во хеликоптерот таа била со нејзиниот брат, фотограф, која била во шестиот месец од бременоста и пилотот, кога леталото неочекувано се урна.
За тоа време младоженецот со часови чекал пред олтарот незнаејќи што се случува само неколку километри подалеку.
Снимката е објавена на бразилскиот информативен сајт Г1 Офишал, а материјалите на користење ги добиле од полицијата.
Осумминутната снимка ја покажува атмосфера во хеликоптерот, но и неколку можни грешки кои ги направил пилотот Петерсон Пињеиро во последните минути. Во еден момент леталото тргнува да понира, а се слуша крик и удар од падот. Камерата и по падот продолжила да снима.
Причина за падот е удар на хеликоптерот во дрво поради лошата видливост, дождот и маглата.
Кога младоженецот дознал што се случило со неговата несудена сопруга, гласно извикал од болка и паднал во несвест.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати