Гроси: МААЕ нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси,синоќа изјави дека нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба, но нагласи дека одбивањето на Иран да им дозволи на инспекторите целосен пристап до неговите објекти е причина за сериозна загриженост.
Гроси изјави на социјалните мрежи дека била јасен и доследен во своите извештаи.
„Бев многу јасен и доследен во моите извештаи за нуклеарната програма на Иран: иако нема докази дека Иран гради нуклеарна бомба, неговите големи залихи на збогатен ураниум се речиси способни за оружје, а одбивањето да им се даде целосен пристап на моите инспектори е причина за сериозна загриженост“, напиша тој.
Тој додаде дека во претходните извештаи навел дека сè додека Иран не помогне во решавањето на отворените прашања поврзани со мерките за надзор, Агенцијата што ја предводи нема да може да даде гаранции дека нуклеарната програма на Иран е исклучиво мирна.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
