Македонија
19. July 2021 - 12:18

Гром усмрти 25-годишно момче во Тетово

Дваесет и петгодишно момче од тетовско Долно Палиште синоќа почина како последица од удар од гром.

„Вчера (18 јули) во 19 часот и 25 минути во СВР Тетово било пријавено дека во месноста „Карабунар“, атар на тетовски Урвич, бил пронајден починат 25-годишниот Е.О. од тетовско Долно Палиште, кој бил усмртен од удар на гром. Смрт констатирал лекар по судска медицина, увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на семејството“, се вели во полицискиот билтен.

Од удар на гром вчера беа повредени неколку лица на охридската плажа „Оревче“, но за среќа беше избегната поголема тратегија.

Ново на Сител