Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско - струшки регион
Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија.
Причина е гром кој ја погодил главната трафостаница во Хидроелектраната "Шпиље" кај Дебар.
- Главната трафостаница во ХЕ "Шпиље" погодена беше од гром-електрично празнење, при силно невреме. Екипите веднаш излегоа на терен и со максимално залагање големиот дефект беше саниран. Дебарско-струшкиот регион остана без струја од 19:50 до 23:20 часот, потврдија за МИА од ЦУК.
Во Дебарскиот регион без струја беа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.
Подрачјето кусо беше зафатено од невреме проследено со обилен дожд, електрични празнење и грмежи.
Поради обилниот дожд има појава и на одрони на патните правци од Дебар кон Маврово и кон Струга поради што надлежните препорачуваат внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација.
Ново на Сител
-
УГД Штип домаќин на студентски конгрес по медицина
-
Преглед на вестите од светот
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола