Грковска: Во клучната година за евроинтеграцијата недозволиви се случувања како во Судскиот совет
Во година која е клучна за суштински напредок во европската интеграција на нашата татковина, од сите се бара поголема зрелост, мудрост и одговорност за работењето и функционирањето, објави на Фејсбук вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.
- Многупати сум потенцирала дека од нас самите зависи во какво општество живееме и дека секој треба да носи индивидуална одговорност во зависност од тоа на која позиција е. Имајќи ја предвид крајно неповолната состојба во правосудниот систем во земјава, за која сме сите свесни и за која добиваме остри реакции од меѓународната заедница, сметам дека случувањата во Судскиот совет не смееше во никој случај да се дозволат, оцени Грковска.
Таа потенцира дела Судскиот совет е тело кое треба да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт и да ги остварува своите функции согласно со Уставот и законите.
- Затоа е поразително, што наместо да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството, што е една од основните функции на Советот, од таму се манифестира прекршување на процедурите и постапките во самото работење на Советот, што беше констатирано и од набљудувачите од граѓанскиот сектор, наведува Грковска во објавата.
Според неа, ваквото однесување на членовите на Судскиот совет е срамно не само за нив туку и за државата.
- Телото кое е задолжено да ја оценува работата на судиите и судовите во земјава, мора да биде пример за професионалност и законито работење. Јавно прашувам, со кој кредибилитет ќе продолжи ваквиот Судски совет да носи одлуки? Кој би бил нивниот кредибилитет како судии? Уште повеќе, очекувам надлежните институции да покренат постапки на повеќе нивоа, зошто одмолчувањето и игнорирањето ќе значи сериозно дерогирање на целото општество, додава Грковска.
Ново на Сител
-

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-

Баба и внука нападнати во својот дом во Чаир од страна на четири лица
-

По сообраќајка на Бит Пазар, физичка пресметка со остар предмет, а потоа истрели од оружје
-

Двајца фудбалери на ФК „Беса“ по натпреварот физички нападнале играчи од ФК „Аеродром“
-

Ужас во Белград: Пијан 24-годишник помина на црвено и усмрти тричлено семејство мeѓу кои и 9-годишно детe | ВИДЕО
-

Четири лица повредени, меѓу кои и 8-годишно дете откако „бмв“ излетало од патот во близина на Липково
-

Приведен стружанец за напад на полицаец, фатен при рибокрадство на Црн Дрим
-

Моментот кога тројца Турци со нож избодеа лице во Црна Гора | ВИДЕО
