Грк уапсен на ГП Богородица, поседувал 276 штеки цигари и 20 пакувања тутун без документација
На 06.05.2025 во 00.10 часот на паркинг во меѓупросторот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(55) од Република Грција. Тој бил затекнат како во патничко возило „ауди а6“ со германски национални ознаки става поголема количина цигари.
При контрола на возилото било констатирано дека регистарските таблички биле одјавени и припаѓале на друго возило, додека во возилото биле пронајдени 276 штеки различни видови цигари и 20 пакувања тутун без документација.
Инаку, во претходниот период, во содејство со Царинската управа се преземени оперативни мерки и е констатирано дека возилото се користи за криумчарење на акцизна стока.
Известен е јавен обвинител, возилото и цигарите се одземени, а лицето е спроведено во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 378 - „фалсификување исправа“ и по член 278 – „криумчарење“ од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Претседателот на Собранието Гаши во Азербејџан се сретна со министрите за енергетика и за надворешни работи
-
Шварценегер: Имигрантите во САД се гости
-
Приведен тетовец, возел со брзина од 156 км на час на место каде дозволената брзина е 80
-
„ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво
-
Путин ќе се обрати пред новинари на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург
-
ФА го обвини судијата Кут поради коментарите за Клоп
-
Предлог-одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници во собраниската Комисија за финансирање и на пленарна седница
-
Осум лица, меѓу кои четири деца евакуирани од Израел