Грк му нудел 20 евра на македонски полицаец за да го пушти без зелен картон на „Богородица“
Грк на граничниот премин „Богородица“ му нудел 20 евра на македонски полицаец за да го пушти без зелен картон.
„Денеска (02.09.2023) на граничниот премин Богородица во 17.45 часот полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода Х.Ј. од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп. Имено, Х.Ј. се обидел да влезе во Република Северна Македонија со патничко моторно возило „пежо 206“ со германски регистерски таблички, но не поседувал зелен картон. Кога од страна на полициски службеник му било укажано дека мора да извади зелен картон, тој почнал агресивно да се однесува, а потоа му понудил поткуп од 20 евра на полицискиот службеник,“ се наведува во соопштението на МВР.
Како што информираат од МВР, Х.Ј. е веднаш лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години