-->
-->
Гризман: Баерн е добар ама ние дадовме гол на гости
-->
Антоан Гризман дефинитивно е новиот идол на навивачката армија на Атлетико Мадрид, откако неговиот гол во Минхен, му го доднесе Атлетико, второто финале во Лигата на шампионите во последните три сезони.
Гризман, кој во четвртфиналето со два гола ја сруши Барселона, против Баерн погоди во 54.минута кога израмни на 1:1. Баерн подцна постигна уште еден гол кој сепак не беше доволен за Баварците да се пласираат во финалето.
„Не се плашиме од никого, без оглед со кого играме и каде играме. Се пласиравме во финалето и сега ќе славиме“, изјавил по мечот Гризман.
Баерн имаше дури 28 удари, од кои 12 во рамките на голот, кој брилијантно го бранеше Облак, додека Атлетико шест пати шутираше кон голот на Нојер, четири од тие шест удари одеа во рамките на голот.
„Беа подобри, но ние постигнавме гол во гости. Воодушевени сме, беше ова исклучително тежок натпревар. Пред нас стоеше извонреден противник, но ние успеавме да ја оствариме целта“, дополнил стрелецот на голот кој на Атлетико му донесе финале.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари