Свет
18. July 2017 - 17:47

Гризлов: Иницијативата за создавање Малорусија не е тема на реалната политика

Иницијативата за создавање на Малорусија не се наоѓа во Минскиот процес и не е предмет на реалната политика, изјави Борис Гризлов, руски претставник во Контакт група за решавање на конфликтот во источниот дел на Украина.

- Тоа го прифаќам само како покана за дискусија, таквата постапка нема никакви правни последици, истакна Гризлов, коментирајќи ја денеска објавената иницијатива во Донецк за создавање на нова држава, наречена Малорусија, како наспедник на Украина.

Според него, „најверојатно тој предлог е поврзан со информациската војна и не е предмет на реалната политика“.