Грета Тунберг и други активисти повторно ќе отпловат за Газа
Нова флотила со хуманитарна помош ќе отплови од неколку медитерански пристаништа за Газа за да „ја пробие нелегалната израелска блокада“ на појасот, изјави шведската активистка Грета Тунберг, која ќе учествува во акцијата.
-На 31 август ја започнуваме најголемата досега операција за пробивање на нелегалната израелска блокада на Газа, со десетици бродови што пловат од Шпанија. На 4 септември ќе им се придружиме на десетици други бродови што пловат од Тунис и други пристаништа, напиша Тунберг синоќа на Инстаграм.
Хуманитарни работници, лекари, уметници, меѓу кои американската актерка Сузан Сарандон, шведскиот актер Густаф Скарсгард и ирскиот актер Лиам Канингем, како и други активисти од 44 земји, ќе учествуваат во оваа иницијатива, наречена „Глобална флотила Сумуд“, објави веб-страницата на организаторите.
Бројот на бродови што ќе отпловат за Газа сè уште не е прецизиран.
Во ноќта помеѓу 8 и 9 јуни, поранешниот рибарски тралер „Мадлен“ со 12 активисти од Франција, Германија, Бразил, Турција, Шведска, Шпанија и Холандија беше приведен од израелските вооружени сили на околу 185 километри западно од брегот на Газа. Потоа беа протерани, а некои од нив беа накратко приведени.
МИА
Ново на Сител
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче