Гренел го поздрави „Мини Шенген“ и го повика Косово да се приклучи

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за разговорите меѓу Косово и Србија, амбасадорот Ричард Гренел, ја поздрави иницијативата за „балканскиот Шенген”, истакнувајќи дека иницијативата би можела да биде успешна доколку во неа се вклучат сите од регионот, вклучително и Косово, се наведува во изјавата на Амбасадата на САД во Берлин.
-Ја поздравуваме иницијативата „Мини-Шенген” за Западен Балкан, како начин да се започне слободното движење на луѓе и стоки. Веруваме дека за да успее оваа иницијатива, таа мора да ги вклучи сите во регионот, вклучително и Владата на Косово.
Администрацијата на Трамп е насочена кон помош на целиот регион во создавање економски можности и работни места за младите, се вели во соопштението на амбасадата на САД во Берлин.
Косово не учествуваше на неодамнешната средба во Охрид, опишувајќи ја иницијативата како обид за повторно создавање на Југославија.
Косовскиот претседател Хашим Тачи рече дека Косово не сака да ја замени евроатлантската иднина со ниту една регионална иницијатива, објави порталот „Косово онлајн”.
Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, кандидат за косовски премиер, во средата изјави дека е направена грешка во чекорите во врска со регионалната иницијатива за слободно движење на луѓе и стоки.
Според него, Албанија мораше да почека со формирање на новата косовска Влада пред која било регионална иницијатива.
Албанскиот премиер Еди Рама го критикуваше Косово за самоизолација, нагласувајќи дека иницијативата има за цел само слободно движење на луѓето низ Западен Балкан, потсетува порталот Косово онлајн.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
