ГРЕКО ја повика БИХ на поцврсти чекори во примената на антикорупциските реформи
Групата држави што се борат против корупцијата (ГРЕКО) на Советот на Европа денеска го објавија својот четврти извештај за Босна и Херцеговина, фокусиран врз превенцијата на корупцијата меѓу членовите на Парламентот, судии и обвинители, за БТА соопшти прес службата на организацијата.
Генералниот секретар на Советот на Европа, Турбјорн Јагланд, изјави дека „Босна и Херцеговина има преземено некои позитивни чекори, но се уште има недостатоци“.
-Владата сега треба да покаже силна политичка волја, неопходна за справување со нив и да ги примени препораките на ГРЕКО. Тоа е неопходно за стремежот на Босна и Херцеговина кон нејзината натамошна европска интеграција, посочи Јагланд.
ГРЕКО го критикува забавувањето на антикорупциските реформи во Босна и Херцеговина, што главно се должи на фрагментираната и некоординирана институционална рамка на земјата, како и недостигот на силна политичка волја за давање поттик кон поголеми реформи, се посочува во соопштението на групата.
Ново на Сител
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?
-
Шокаровски – Ова е оркестрирана хајка за уништување на државната Кардиохирургија
-
Матичните лекари реагираат за најавените казни за пречекорувања при давањето терапија на пациентите
-
Преглед на вестите од светот