Грејната сезона во Скопје започнува од 2 октомври поради ниските температури
Од утре почнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ.
- Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 10˚С со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, соопштија денеска од АД ЕСМ.
Оттаму посочуваат дека сè до 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавува информација дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден.
-Навременото снабдување со топлинска енергија, како што посочуваат од АД ЕСМ, е клучно за комфорот на нашите потрошувачи. Затоа повторно апелираме до сите корисници да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации бидејќи редовното одржување е нивна обврска и заедниците на сопственици да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно електрично напојување во топлинската станица, односно платени сметки за електрична енергија и функционална електрична инсталација. Завршените интервенции треба да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи, се наведува во соопштението.
Од АД ЕСМ велат дека сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на затворени објекти без услови за испорака на топлина, кој е достапен на линкот „Затворени објекти - ЕСМ Снабдување“.
За информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.
МИА
Ново на Сител
-
Путин: Се обидуваат на Москва да ѝ нанесат стратешки пораз, но тоа е невозможно
-
Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка
-
Набавени 80 000 вакцини против сезонски грип, имунизацијата ќе почне во втората половина на октомври
-
Камион излетал од патот Деве Баир - Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот е во прекин
-
Мерц: Решени сме да ги користиме замрзнатите руски средства за да ѝ помогнеме на Украина
-
Приведен кумановец, подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка
-
Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите
-
Ѓорѓиевски: Нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење