Бизнис
16. August 2022 - 16:34

Греење до 20 степени, скали место лифт, исклучени светилки - ќе се штеди струја во јавниот сектор

Да не се палат светилки дење, клима уредите да ладат до 27%, во лето, а да топлат до 20% во зима. После работа да се исклучи осветлувањето, наместо лифт, да се користат скали. Ова се обврски за јавните институции, а за граѓаните и фирмите се само препораки, како да се штеди за престојната зима. Државните институции имаат обврска да ја намалат потрошувачката за 15% во споредба со истиот месец лани, а ако не ја ислолнат – ќе следуваат снакции. Рестрикции на струја, за сега не се очекуваат

Надлежните уверуваат – ќе има доволно електрична енергија за претстојната зима. Во мометов потребите целосно се задоволуваат од домашно прооизводство. Но, за зимските месеци, очекуваат да биде ставен во функција и третиот блок на РЕК Битола и едниот котел на ТЕЦ Неготино.

Препораките за граѓаните и фирмите се слични како за државните институции. Бојлерот и машините за перење и сушење да се вклучуваат на евтина тарифа, да се готви во помали садови, да се заменат старите светилки со економични, да се постави туш со помал проток на вода, компјутерите и полначите после работа да се исклучат.

Од Владата со препораки и до општините – секоја 2 светлика на улиците да биде изгасната, а Јавните патишта до го намалат осветлувањето на патиштата. Мерките и препораките ќе траат до крајот на април, односно цела грејна сезона.