Грците испраќаат околу четири милиони смс пораки седмично за излегување од дома
Околу четири милиони смс пораки се испраќаат секоја седмица во Грција, за излегување од дома за време на карантинот, според министерот за дигитална политика Кирјакос Пиеракакис.
Пиеракакис, говорејќи за телевизијата „Скај“ рече дека минатата седмица, кога беа отворени продавниците имало за 13 отсто зголемен број испратени смс пораки во споредба со претходно.
Од 7 ноември кога беше воведен карантинот во Грција, граѓаните, при секое излегување од дома потребно е да испратат смс порака и да изберат една од шесте понудени опции.
Со отворањето на продавниците минатиот понеделник, за шопинг, Грците имаат на располагање два часа, по претходно испратена смс порака, а поради гужвите, за да имаат повеќе време, некои по неколку пати испраќаат порака, бришејќи ги претходните.
Министерот за дигитална политика Кирјакос Пиеракакис ја отфрли можноста да биде воведена опција за ограничувањето на бројот на испратени смс пораки, но рече дека се разгледува воведување нов систем, преку интернет платформа што точно ќе го мери времето по регистрацијата.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг