Грција врати илјадници мигранти во Турција во последните 20 месеци

Грција и Европската агенција за погранична контрола - Фронтекс досега во Турција вратиле 1.329 мигранти, согласно договорот меѓу ЕУ и Анкара од март 2016 година, јави ДПА, повикувајќи се на податоци на грчката полиција.
И покрај тоа, на грчките острови и натаму има околу 13.000 бегалци и мигранти кои чекаат да им бидат разгледани барањата за азил. Мигрантите останаа блокирани на островите откако земјите низ кои минуваше т.н. „Балканска рута“ до Европа ги затворија границите за бегалците и мигрантите пред 18 месеци. Претходно, повеќе од еден милион луѓе преминаа преку Македонија, Србија, Унгарија и Хрватска на нивниот пат кон побогатите земји на ЕУ.
Во текот на последните 20 месеци, дополнителни 1.197 лица беа вратени, согласно билатералниот договор меѓу Грција и Турција, а 1.402 одлучиле доброволно да се вратат во соработка со Меѓународната организација за миграција.
Според договорот меѓу ЕУ и Анкара, секој мигрант што пристигнал од Турција по 20 март 2016 година нема право да аплицира за азил и ќе биде вратен. Лицата кои веќе пристигнале на грчките острови пред тој датум се пријавуваат за азил, по кој можат да добијат дозвола да влезат во ЕУ или да бидат вратени.
Ново на Сител
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
-

Мицкоски на средби со државни и бизнис делегации во Давос
-

Грипот и понатаму со бројки над 2000 случаи – досега три смртни случаи поради компликации од вирусот
-

Во струмичко-валандовскиот регион речиси двојно повеќе заболени од грип во однос на лани
-

Скратени часови во „Здравко Цветковски“ поради проблем со парното
-

Шилегов и Деспотовски контра Филипче, тој ги обвинува за соработка со власта
-

Застаре уште едно кривично дело на екс премиерот Груевски
