Балкан
23. јуни 2016 - 8:41

Грција воведе забрана за употреба на електронски цигари на јавни места

Грчките власти воведоа забрана за пушење на електронски цигари на јавните места, што предизвика незадоволство кај граѓаните, но и кај производителите,

Како што објави „Њуз.ин“, властите за ваквата одлука биле мотивирани од мислењата на американски и европски фармацевски компании, според кои, електронските цигари исто така се сметаат за производ од тутин и поради тоа нивната употреба на јавни места треба да биде забранета. 

Сојузот на грчките претпријатија на електронски цигари (СЕЕИТ) не се согласува со тврдењето дека во Италија, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија е забранет „чадот“ од електронски цигари на јавни места, наведувајќи дека во Грција е воведена забана без да се спроведе некакво научно истражување. 

Грција, чија нација е процентуално со најголем број пушачи во  Европа, пред неколку години забрани пушење на цигари на јавни места, но таа забрана граѓаните не ја почитуваат целосно.