Грција во Албанија испраќа мобилни кујни од војската и градежни инженери
Грција, после катастрофалниот земјотрес, во Албанија испраќа три мобилни кујни на грчката војска и градежни инженери за регистрација на штетите.
Со специјален лет на грчкото воено воздухопловство за Тирана веќе заминаа мобилните кујни од војската, по телефонскиот разговор и договорот меѓу премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис и премиерот на Албанија, Еди Рама.
Во 15 часот по локално време, од воениот аеродром во близина на Атина ќе замине специјален тим од 16 градежни инженери од Генералниот директорат за санирање на последиците од природни катастрофи на Министерството за инфраструктура на Грција.
Со истиот авион од Тирана во Атина ќе се врати назад Специјалната единица за справување со катастрофи која во изминатите денови учествуваше во спасувачката акција.
Ново на Сител
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста