Грција утре отвора нов круг преговори со кредиторите
Утре во Атина почнува новиот круг преговори меѓу Грција и нејзините кредитори во рамки на третата спасувачка програма за земјата, информира грчкиот весник Њуз.ин.
Преговорите, што беа прекинати заради католичкиот Велигден, ќе почнат со тешката сенка што врз нив падна откако Викиликс пред неколку дена објави доверлив разговор меѓу претставниците на ММФ, Пол Томсен и Делија Велкулеску, чија цел била Грција да биде притисната и доведена до кредитно „задушување“, за да може Владата и ЕУ да отстапат од своите позиции, коментира весникот.
Откритието на Викиликс ја натера Атина да побара објаснување од ММФ за тоа дали има промена во неговите позиции кон Грција.
Европската работна група, пак, во петокот испрати позитивен сигнал во врска со очекуваната проценка на кредиторите за грчките реформи, објавувајќи дека има „широк консензус“ и дека повеќето прашања, разгледувани на преговорите меѓу Владата во Атина и кредиторите, можат да бидат „лесно надминати“, доколку има „политичка волја“ за тоа.
Еврогрупата констатира, исто така, дека се уште има некои прашања, за кои постојат технички тешкотии, како „лошите кредити“ и пензиската реформа.
Грција во текот на минатото лето ја потпиша третата спасувачка спогодба во вредност од 86 милијарди евра. Во замена за тоа, Атина треба да продолжи да ги намалува трошоците и да спроведе широки економски реформи.
Целта на Владата во Атина е проценката за досега реализираните реформи да заврши во следните десет дена, за да се постават новите контури и да стартува првата дебата за можностите за дополнително олеснување на грчкиот долг, посочува весникот.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот