-->
-->
Грција подготвува измени во изборниот закон
-->
Според измените во изборниот закон на Грција на кои работи Владата, победничката партија (или коалиција) ќе добие 30 пратенички места повеќе од досегашниот бонус од 50 места, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панајотис Курублис.
Тој рече дека Владата, исто така, ја испитува можноста за воведување на порепрезентативен изборен систем на локално и регионално ниво, но ја отфрли можноста за пропорционална застапеност, иако Сириза беше за ваков систем во минатото.
Курублис изјави се разгледува и можноста на Грците да им се дозволи да гласаат на возраст од 17, а не 18 години, а големата атинска „Б“ изборна единица да се подели на помали делови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами