Грција почна да ги ослободува навивачите на хрватски Динамо
Триесет навивачи на хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб, од вкупно стотината кои летоска беа уапсени, се пуштени на слобода и депортирани од Грција, откако минаа четири месеци во истражен затвор без докази за вмешаност во убиството на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, пред дуелот меѓу двете екипи на почетокот на август во Атина.
Грчкиот истражен судија одлуката ја образложи со „непостоење докази дека овие луѓе извршиле убиство“, а на депортираните им е изречена забрана за влез во Грција и парична казна од по 1.000 евра.
Иако со истрагата во меѓувреме се дојде до докази кои упатуваат дека 29-годипниот Кацурис го усмртил навивач на АЕК во хаосот што вечерта на 7 август се случуваше на улиците во Атина, околу 70 навивачи од Хрватска и натаму се во истражен затвор и чекаат следна можност да бидат ослободени.
Против нив е подигнато обвинение за предизвикување насилство и нанесување телесни повреди.
Хрватската јавност ја поздрави одлуката на грчките власти, но бара и другите членови на навивачката група „Бед Блу Бојс“ неодложно да бидат пуштени од затвор.
Хрватскиот премиер Иван Пленковиќ изјави денеска дека хрватската Амбасада во Атина добила задолжение целосно да ги покрие финансиските трошоци за депортацијата за оние навивачи кои немаат пари, додавајќи оти тие во Хрватска се враќаат индивидуално.
Ново на Сител
-

Николоски: 40 километри од автопатот Охрид - Кичево се веќе во функција | ВИДЕО
-

Сиљановска Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж
-

Полициска потрага во кипарскиот град Лимасол по лицето кое го фатило светиот крст и побегнало
-

ЕК не го признава легитимитетот на Делси Родригез, но ќе се ангажира со венецуелските власти
-

Уапсени двајца членови на групата „Пинк Пантери“ за грабеж на златарница на Халкидики со „плен“ од над 500.000 евра
-

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026
-

Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа
-

На ГП „Блато“ приведен албански државјанин, се запалило и возило во колона
