Балкан
30. April 2021 - 17:02

Грција објави протокол за плажите, Хрватска ќе ги вакцинира прележаните со една доза вакцина

Грција ги отвора плажите и одмаралиштата на 15 мај, но под строги здравствени протоколи.

Физичката дистанца и маските остануваат главни мерки, а баровите на плажите нема да смеат да пуштаат музика. Грчкиот генерален скеретар за трговија обаа мерка ја правда со објаснување дека музиката може да придонесе за ширењето на корона вирусот - ако повеќе лица да го повишат гласот,  тоа ќе доведе до ширење на повеќе честички во воздухот. Музика нема да смеат да пуштаат ниту рестораните, ниту кафулињата кои се отвораат на 3 мај.

По повеќемесечни анализи Хрватска од денеска лицата со прележан ковид ќе ги вакцинира со само една доза.

Податоците за времетраењето на имунитетот по болеста покажуваат дека тој трае три до шест месеци, објасни хрватскиот директор на институтот за јавно здравје. Втората доза по закрепнување од болеста не придонесува за нивото на антитела и затоа ова се препорачува само за лицата шест по прележувањето на вирусот.

Вакцинираните граѓани во Србија пак од утре ќе добиваат дигитален ковид сертификат,

Премиерката Брнабиќ вели дека земјата има одличен ИТ систем, кој на граѓаните ќе им овозможи да патуваат во странство. Во две дози досега во Србија се вакцинирани речиси 1 ипол милон граѓани што е над 25% од возрасното население. Токму ова придонесе состојбата со епидемијата во земјава да се подобри, а бројот на новозаразени лица драматично да опаѓа. Србија веќе ги олесни и рестриктивните мерки.