Грција нема донесено нова одлука за копнените граници
Во Грција нема промени, ниту пак постои нова одлука што се однесува на копнените граници и засега, останува во сила забраната што важи за државјани на трети земји и привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со соседните земји, јави дописничката на МИА од Атина.
Алтернативната портпаролка на грчката Влада Аристотелиа Пелони, соопштувајќи ги вчера новите, дополнителни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во земјата, меѓу другото, како што веќе објави МИА вчера, најави и задолжителен негативен тест од 17 август за влез преку копнените граници, вклучувајќи ги и грчките државјани и оние имаат грчка дозвола за престој.
Согласно министерските одлуки кои Грција ги издава, а се однесуваат како на забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, така и за привремено ограничување на воздушните, копнените и железничките поврзувања со соседните држави, постојат и категории што се исклучок од забраната.
Па така, според последната објавена министерска одлука забраната не се однесува на: грчки државјани на лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, како и за транспорт на стоки, за влез на лица за апсолутно неопходни професионални причини, но и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
