Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор
Двата најголеми синдикати во Грција – во приватниот (ГСЕЕ) и во јавниот сектор (АДЕДИ) на 20 ноември ќе стапат во 24-часовен генерален штрајк.
Досега своето учество во штрајкот го најавија синдикатот на вработените во приватното образование, во градежништвото, во државните болници и во банкарскиот сектор. Синдикатот на грчките морнари најави дека в среда сите бродови ќе останат во пристаништата.
Еден ден претходно ќе штрајкуваат медиумите. Тие ќе ја прекинат работата од 19 ноември од пет часот до пет часот на 20 ноември.
Општите барања на синдикатите се однесуваат на мерките за справување со зголемените трошоци за живот и зголемените трошоци за домување, враќањето на законските одредби за колективни договори, борбата против картелите на пазарот. Синдикатите на државните службеници бараат враќање на 13-та и 14-та плата и реално зголемување на платите.
Меѓутоа, во различни сектори, штрајкувачите поставуваат и конкретни барања.
Ново на Сител
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години
-
Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор