Грција ја намалува од шест на три месеци важноста на потврдата за прележан Ковид-19
По препорака на надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, важноста на потврдата за прележан Ковид-19 во земјата, се намалува од 180 на 90 дена, јави дописничката на МИА од Атина.
Конкретниот амандман веќе е доставен во грчкиот Парламент и предвидува потврдата да важи само доколку лицата прележале Ковид-19 во изминатите три месеци.
Од минатата седмица промени има и во однос на начинот на издавање на потврдата.
Министерот за здравство Танос Плеврис соопшти дека потврдата за прележан Ковид-19 ќе се издава само со направен ПЦР тест, а не со рапид тест како што беше пракса досега.
-Кога некој е позитивен дали со рапид или со селф тест ќе може да влегува во карантин, но за да има потврда за прележана болест ќе треба да направи ПЦР, објасни во четвртокот министерот за здравство на Грција.
Ново на Сител
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос
-
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан и Стефана годинешните зет и невеста
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024