Македонија
18. August 2016 - 13:13

Грција испраќа втора рунда помош за поплавените подрачја во Македонија

Македонија ја доби втората пратка помош од Грција за поплавените подрачја во земјата, соопшти грчкото Министерство за цивилна заштита.

Грчката помош се состои воглавно во мобилни пумпи и генератори.

Во меѓувреме, грчките медиуми јавија дека првата мисија во рамките на грчката помош завршила успешно со помош на грчката противпожарна служба. Се нагласува дека Грција била една од првите земји кои одговорија на барањето на Македонија, веднаш по активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита и меѓу првата помош што пристигна во поплавените области.

Медиумите уште нагласуваат дека Грците биле топло пречекани во селото Сингелиќ, каде добредојде и благодарност за помошта им изразиле и повеќе македонски функционери.