Грција и кредиторите ќе се обидат да дадат поттик на преговорите за спасителната програма
Грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос и меѓународните кредитори на Грција се состанаа денеска со цел да ги продолжат преговорите за спасувачката програма за поддршка на грчката економија, со оглед на обновените тензии за иднината на земјата во еврозоната.
Пред разговорите во Брисел, претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум. кој е министер за финансии на Холандија, посочи дека реформите во Грција се движат бавно, но во вистинска насока.
- Сега имаат потреба од поттик. Не брзаме, особено бидејќи приказните за кризата се доста преувеличени, посочи Дејселблум пред да замине на средбата.
- Кредиторите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) постигнаа договор за заедничка позиција што ќе и ја претстават на Грција, изјави денеска висок претставник од монетарната унија.
Дејселблум сака да ја искористи секоја можност за поставување на основи на договорот пред клучниот состанок на 19-те земји од еврозоната, што ќе се одржи на 20 февруари, особено поради претстојните избори во Холандија.
Грција треба да се договори со кредиторите за повеќе реформи за да може да продолжи да добива спасителни заеми.
Иако Атина настојува дека нема итна потреба од пари, без средства земјата повторно може да биде исправена пред банкрот.
Грција треба да исплати големи долгови во јули.
Дејселблум посочи дека денешните разговори нема да влијаат на темата за олеснување на грчкиот долг.
Ново на Сител
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки