Грција ги презема неопходните мерки за да продолжи да биде безбедна туристичка дестинација
Грција ги презема неопходните мерки за да продолжи да биде безбедна туристичка дестинација, изјавила грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во телефонскиот разговор со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили.
Како што соопштија од кабинетот на Сакеларопулу, Зурабишвили ѝ честитала на Сакеларопулу за преземањето на функцијата, ја поканила да ја посети Грузија, а двете претседателки разговарале за последиците од кризата врз економијата, додека пак акцентот бил ставен на туризмот.
-Госпоѓата Сакеларопулу истакна дека нашата земја се подготвува, претпазливо и внимателно за да прими посетители од странство и ги презема неопходните мерки за да продолжи да биде безбедна туристичка дестинација, соопштуваат од кабинетот на грчката претседателка.
Ново на Сител
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот