Грција денеска: На Халкидики плажите полни, на југот од земјата се борат со пожарите
Иако на југот на Грција беснеат пожари, Халкидики се опорави од неодамнешните поплави и таму сега има убаво и сончево време кое ќе продолжи и во наредниот период, јавуваат метеолозите.
Времето конечно ќе се стабилизира од недела, 29.јули кога се очекува сончево и убаво време. Мекасималните температури ќе се движат меѓу 27 и 28 степени, колку што се прогнозира, да речеме за Пефкохори.
Грчката национална метеолошка служба најавува дека на сила се уште е протокаловиот аларм за бура со грмежи, посебно во четврток, но од недела се очекува убаво време.
Сите кои тогаш планираат да патуваат во Грција не мора да размислуваат за лошото време.
Од друга страна, јужните делови од Грција не се безбедни зошто тамошните пожарникари и натаму се борат со катастрофалните пожари. Да потсетиме, вонредната состојба е прогласена во западниот и источниот дел од Атика. Надлежните истакнуваат дека 15 пожари избиле истовремено во 3 региони, а досега животот го загубија 79 лица, а многу се водат за исчезнати.
Метеоролозите објавија дека кон крајот на неделата, поточно во четврток, во Атина ќе падне дожд. Шансите за дожд се 30 отсто. Но тоа не е нужно добра вест за пожарникарите кои се борат со огнената стихија.
Според Си Ен Ен, може да дојде до кратки попладневни бури кои нема да производат многу дожд, туку би можеле само да ја отежат борбата со пожарите носејќи уште посилни ветрови и промена во нивното движење.
Ново на Сител
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина
-
Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен
-
На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија
-
Експресни победи на Синер и Швјонтек на Мастерс турнирот во Синсинати
-
Пораз од Романија за македонските кадетки на ЕП во Црна Гора
-
Странските криминалци осудени во Велика Британија веднаш ќе бидат депортирани
-
Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа