-->
-->
Грчкото МНР изрази сочувство за трагичната сообраќајна несреќа
-->
Длабоко жалење, како и сочувство и солидарност до граѓаните и владата, изразува Министерството за надворешни работи на Грција по трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, јави дописничката на МИА од Атина.
-Длабоко жалиме за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје- Тетово. Нашите мисли се со семејствата на жртвите и нивните најблиски. Изразуваме искрено сочувство и солидарност со граѓаните и владата на Северна Македонија, напишаа од грчкото МНР на нивниот официјален Твитер профил.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, веднаш по несреќата, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос му се јавил на Никола Димитров за да изрази сочувство и поддршка во тешките моменти за земјата
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд

