Грчките власти испраќаат дополнителни полицајци во бегалските кампови и на островите
Грчките власти одлучија да го зголемат полициското присуство на островите во Егејското Mоре и во Идомени на северната граница, по судирите кои се почесто се случуваат меѓу бегалците и мигрантите, а постојат и стравувања дека тензиите ќе се зголемат откако од следната недела ќе почнат да се враќаат луѓе во Турција.
Полициските началници вчера одржаа итен состанок, по судирите во центарот за бегалци во пристаништето Пиреја, на кој беше донесена одлука за испраќање 150 полицајци на Лезбос, Хиос и Самос. Уште 105 полицајци ќе бидат испратени и во полициската станица во Кукуш, која е одговорена за одржување на редот и мирот во кампот Идомени.
Официјален претставник на Министерството за заштита на граѓаните за „Катимерини“ изјавил дека властите во наредните неколку дена ќе подготват нов оперативен план, со кој ќе се овозможи на островите да се распоредат уште повеќе полицајци.
Весникот дознава дека министерот за поморска трговија Теодорос Дрицас побарал од Министерството за финансии доделување на средства потребни за да се вработат дополнителни 287 службеници на крајбрежната стража за да се грижат за безбедноста во кампот во Пиреја и на други места.
Ново на Сител
-
Четворица дебрани на семејна веселба пукале со пиштоли, поднесена кривична пријава
-
Тетовец при расправија извадил пиштол и му се заканувал на својот брат
-
По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија
-
Едно лице почина, а четворица се повредени по тешка сообраќајка на патот Штип-Кочани
-
ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација
-
Кај 68-годишник од Скопје пронајдени марихуана и засадени стебла канабис
-
Фон дер Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно, се соочуваме со хибридна војна
-
Штипјанец возел со 3,02 промили алкохол во крвта и удрил во друго возило