Грчките политички лидери и честитаа на Меркел
Грчките политички лидери и ја честитаа победата на Ангела Меркел, и покрај шпекулациите во грчката јавност за последиците врз Грција од изборите во Германија.
Премиерот Алексис Ципрас и честиташе на Меркел во пост на неговиот профил на Твитер, додека лидерот на конзервативната опозициска партија Нова демократија Кирјакос Мицотакис и испрати писмо во кое ја поздравува нејзината четврта последователна изборна победа.
- Солидарна и демократска Европа денес се поважни и неопходни од кога и да е, напиша Ципрас на Твитер и додаде дека секој кој верува во тоа мора да работи со цел да ги продлабочи и прошири европските вредности.
Мицотакис, пак, смета дека изборниот резултат во Германија „создаде прозорец на можности за храбри промени во Европа“.
- Промени кои ќе влијаат врз животот и безбедноста на многумина, со цел на маргините да не остане ниту еден граѓанин, напиша Мицотакис во писмото до Меркел.
Ново на Сител
-
Предизборни активности на независните кандидати и помалите партии
-
Со 10.000 бруцоши почна новата академска година
-
Вработените во Паркови и зеленило добија плата, останатите утре пак ќе протестираат
-
Бизнисот испорача барања до Владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Протести го отежнаа сообраќајот во Скопје
-
Одложено судењето за „Онкологија“
-
Почна академската учебна година