Грчките морнари стапија во 48-часовен штрајк
жСите бродови во Грција денеска ќе останат во пристаништата поради 48-часовниот штрајк, организиран од синдикатот на морнарите против новите економски мерки на Владата, кои го засегаат и овој сектор.
Синдикатот на морнарите ги повика бродските компании, кои превезуваат мигранти и бегалци, да не патуваат деновите кога е закажан штрајкот.
- Борбата, која ја почнавме денеска не е само борба за грчките морнарни, туку и за целото грчко општество. Пристигнува нова лавина од дополнителни антиработнички мерки и политики, не се остава никаков избор, се наведува во соопштението на синдикатот.
Учесниците во штрајкот бараат спречување на измените во пензиите на морнарите, кои се предвидено со реформите на грчкиот пензиски систем.
Грчките синдикати повикаа исто така за генерален штрајк на 12 ноември, кој ќе биде првиот по повторното доаѓање на власт на СИРИЗА во септември.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница