Грчкиот премиер направи реконструкција на Владата
Грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера направи измени во составот на Владата, со цел да ги задоволи меѓународните кредитори и да го зајакне својот рејтинг во јавноста.
Своите функции ги задржаа министерот за надворешни работи Никос Коѕиас, министерот за одбрана Панос Каменос и министерот за финансии Евклидис Цакалотос. Министерството за здравство и понатаму ќе го предводи Андреас Ксантос, а Јанис Драгасакис останува вицепремиер.
Нов министер за внатрешни работи ќе биде поранешниот министер за животна средина и енергетика Панос Скурлетис. Досегашниот министер за внатрешни работи Панајотис Курублис ќе го предводи Министерството за морска флота и прашања на островите. За министер за одбразование е назначен Константинос Гавроглу, за правда е именуван Ставрос Контонис, а за труд и социјална политика Ефи Ахциоглу.
На функцијата министер за култура ќе биде Лидија Кониорду, за министер за инфраструктура и транспорт е именуван Христос Спиртзис, а за економија Димитрис Пападимитриу.
Новосоздадените министерства за миграциска политика и за дигитална политика, телекомуникации и информации ќе бидат предводени од Јоанис Музалас, односно Никос Папас. Со новото Министерство за туризам ќе раководи Елена Кундура.
Досегашната портпаролка на владиниот кабинет Олга Геровасили ќе биде министер за административна реформа, а за нов владин портпарол е назначен Димитрис Тзанакопулос.
Новиот грчки кабинет има 49 члена, три повеќе од претходниот. Новите министри ќе положат заклетва денеска попладне.
Ново на Сител
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
-
Поскапуваат горивата
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза
-
Приведено лице што возело со 184 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час
-
Државна лотарија – во поддршка на културата и оштествениот развој
-
Ѓоковиќ: Кога се приближуваш кон 40. година треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти
-
За една недела во Центар отстранети 99 непрописно паркирани возила