Грчки медиуми: Шок за Италија, „бомба“ од Македонија
„Шок за Италија“, „големо изненадување“ и „бомба од Северна Македонија“, се најчестите коментари во грчките медиуми за вчерашната победа на македонската фудбалска репрезентација, јави дописничката на МИА од Атина.
Спортските, но и информативните портали во Грција, уште доцна синоќа пишуваа за „големото изненадување“, коментираа дека Италија по втор пат нема да учествува на Светско првенство, а не испуштија да се осврнат и на славењето на македонските навивачи на стадионот во Палермо.
„Шок за Италија: Северна Македонија во 92 минута ја остави вон Мундијалот“; „Мундијал плеј оф: Супер изненадување, Северна Македонија ја елиминираше Италија“; Бомба од Северна Македонија, која ја елиминираше Италија“; „Апсолутен контраст на емоции: Италијанците во шок по елиминацијата, жестоко славење на победниците“; „Италија – Северна Македонија: Со „бомба“ во 90+2 минута ги елиминираше Аѕурите“; „СП 2022: Шок за Италија, Северна Македонија ја исфрли од завршната фаза“, „Италија – Северна Македонија: Трајковски го остави вон Мундијал европскиот првак“; се дел од насловите во грчките медиуми.
-Она што Аѕурите не успеаја да го постигнат 92 минути, го постигнува Северна Македонија во третата минута од продолжението. Трајковски го замрзна стадионот во Палермо, во градот во кој играше, на стадионот што многу добро го знае, со овој силен шут го совлада Донарума и како што се чини ќе ја елиминира „Скуадра Аѕура“ од завршната фаза за да стигне на Мундијалот, рече коментаторот на грчката телевизија што го пренесуваше натпреварот, откако Трајковски го постигна победничкиот гол.
На крајот од натпреварот, коментарот беше дека станува збор „за големо изненадување кои ќе остане во историјата“.
Медиумите во Грција пишуваат дека ова е „незамислив шок за Италија, која минатото лето го славеше освојувањето на Европското првенство, а сега ќе отсуствува од Мундијалот, откако загуби на домашен терен“.
-Од пеколот во рајот и назад во пеколот. Италија отсуствуваше од СП 2018, го освои Евро 2020 и ќе отсуствува од СП 2022, коментира спортскиот портал „Спорт24“.
-Северна Македонија покажа дека во пост-Пандев ерата останува конкурентна и може да нанесе штета, а сега е на чекор „да убие“ и второ големо име по ред (Португалија) и да добие билет за Катар, пишува „Спор фм“.
Ново на Сител
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
