Грчки медиуми: Путин од Грција испрати повеќе меѓународни пораки
Издавачката куќа „Антолог“ објави трета поетска книга на Ѓоко Здравески, насловена „Љубавина“, која е поделена во три циклуси.
- Во песните од сите три циклуси главно се пее за бестелесна љубов, за љубовта како премин, за љубовта како начин на постоење и како начин да се спознава светот. Иако навидум апстрактна, инспирацијата на лирскиот субјект секогаш доаѓа директно од физичката стварност. Самиот наслов претставува неологизам, кој во себе ги содржи љубовта и убавината. Во книгата се чести јазичните игри, постапка карактеристична за поезијата на Здравески, информира издавачот.
Владимир Мартиновски во рецензијата кон збирката посочува дека уште првата песна го навестува односот кон опевањето на љубовта, „надминувајќи ги параметрите на исповедно-интимна лирика адресирана кон една конкретна личност, оставајќи празен (бланко) простор, поетот е уверен дека љубовното искуство го надминува вообичаеното перципирање на времето и на просторот“.
Ѓоко Здравески (Скопје, 1985) дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работи како лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Ниш. Пишува поезија, кратка проза и есеи. Претходно има објавено две книги поезија: „Палиндром со две н“ (2010) и „Куќичка за птици-преселници“ (2013). Заедно со уште неколку поети од Србија и од Македонија ја има објавено книгата „Торту кроз прозор“ (поезија, 2010). Неговите дела се преведени на десетина европски јазици.
Ново на Сител
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови