Грчки медиуми: Опозицијата одбива да ја признае победата на Груевски
„Опозицијата одбива да ја признае победата на Груевски“, „Пост-изборна битка во Македонија“, „Партијата на Груевски обезбеди 51 од 120 места во Парламентот“, „Груевски победи со мала разлика пред социјалдемократите“ се само некои од насловите во грчките медиуми кои деновиве информираат за изборите и изборните резултати во Македонија.
Извештаите засега се без коментар и воглавно се пренесуваат информации што ги објавува грчката државна новинска агенција АНА-МПА.
Најновите информации што се пласираат во Грција се дека „опозициските социјалдемократи не ја признаваат тесната победа на десницата и се жалат на изборни нерегуларности“.
Во исто време, некои медиуми нагласуваат дека се додека Државната изборна комисија не ги соопшти првичните резултати од предвремените парламентарни избори, според кои ВМРО ДПМНЕ освои 51 пратеник, а СДСМ 49, социјалдемократите немале забелешки за изборниот процес.
Во Грција се информира и дека ОБСЕ на изборите имала 340 набљудувачи и соопштила дека генерално,гласањето било добро организирано и не се регистрирани сериозни инциденти.
Грчките медиуми потсетуваат дека „изборите, кои беа одложени во април и јуни, беа организирани во согласност со Договорот од Пржино за излез на земјата од политичката криза која ја парализира од 2015 година“.
Ново на Сител
-
Македонија увезува работници, македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот