Грчки медиуми: Договорот го содржи името Северна Македонија со македонски јазик и идентитет
- Република Северна Македонија ерга омнес, со македонски јазик и идентитет е она што го содржи договорот што треба да го потпишат Македонија и Грција, според информациите на грчкото радио „247“ и новинарите кои открија детали од решението.
Конкретно, грчките новинари објавија дека во договорот:
- Се отстрануваат наводите во Уставот за „заштита на македонското малцинство“ вон границите и се спроведува соодветниот член што постои во грчкиот Устав за дијаспората.
- Се одредуваат преодни периоди за промена на внатрешните документи и овој сложен процес се поврзува со отворањето поглавјата во пристапните преговори.
- Се формира комисија која ќе ја разгледа употребата на трговските ознаки во двете земји
- Се признава македонски јазик (macedonian language) со забелешка дека Северна Македонија во рамките на договорот признава дека овој јазик е со словенско потекло (како што е заведено во рамките на ОН)
- Во однос на националноста важи терминот Macedonian/citizen of the Republic oф North Macedonia со јасно споменување дека народот на оваа земја не е поврзан со античката грчка цивилизација.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на фазите за имплементација на договорот, голем дел од информациите што ги објавува грчкото радио, веќе беа објавени во изминатиот период во медиумите во Грција, а ги пренесе и МИА, но се слични и со она што вчера го објасни шефот на грчката дипломатија во интервјуто за телевизијата „Контра“, а денеска го спомена и коалициониот партнер во владата Панос Каменос.
Договорот најпрво ќе се ратификува во македонското Собрание, грчката Влада ќе испрати допис до ЕУ и НАТО дека, според радиото, „го поттикнува почетокот на преговори за интеграција на Северна Македонија со ЕУ и интеграција во НАТО, под услов дека ќе се направи уставна ревизија“.
Во врска со состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на 25 и 26 јуни во Брисел и НАТО самитот во јули, радиото го објави она што вчера го кажа Коѕијас, дека во ЕУ ќе се испрати позитивна порака за почеток на пристапни преговори, а за Северноатлантската алијанса, Македонија, односно „Северна Македонија ќе добие покана под услов да се направи уставна ревизија“.
Во продолжение, според грчките новинари, премиерот Заев ќе испрати допис до земјите што ја имаат признато Република Македонија под уставното име за да ги извести дека во сила е името Северна Македонија за билатералните односи и меѓународните форуми.
- Во периодот од јули до декември 2018, Владата на Заев ќе треба да одржи референдум и ако исходот е позитивен ќе направи уставна ревизија. Доколку е негативен, како план Б постои веројатноста распишување парламентарни избори со референдумски карактер за скопското прашање, објави радиото „247“.
Кога сите обврски од македонска страна ќе бидат завршени, тогаш договорот ќе дојде на гласање во грчкиот Парламент, а во исто веме ќе се ратификува и членството во НАТО.
Засега нема официјална потврда ниту од грчката, ниту од македонската Влада за тврдењата на грчките медиуми за содржината на договорот.
Деталите од договорот, кој наводно го постигнале премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се објавени во пресрет на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, кој се очекува да се случи попладнево и на кој тие треба да го потврдат договореното
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз