-->
-->
Грчката Влада ги продолжува преговорите со кредиторите
-->
Преговарачкиот тим на грчката Влада денеска ќе почне преговори со шефовите на мисијата на кредиторите на Грција, а дискусиите ќе се фокусираат на енергетиката и на новиот фонд за приватизација.
Состаноците ќе се одржат доцна попладне.
Извори од Европската унија изразија оптимизам дека овој круг преговори ќе заврши до крајот на оваа недела со постигнување договор на ниво на техничките тимови, јавија некои грчки медиуми.
Ако не се постигне договор, Владата ќе подготви пакет предлог-закони што се очекува да биде одобрен од страна на Парламентот до 15 мај, со цел Еврогрупата на 20 да го финализира договорот, барем на европската страна, додека Меѓународниот монетарен фонд ја разгледува својата позиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза