Грчката претседателка бара итно и целосно расчистување на случајот со прислушувањата
Итно и целосно расчистување на случајот со телефонското следење, бара грчката претседателка Катерина Сакеларопулу која во писмената изјава вели дека „заштитата на приватноста на комуникацијата е основен услов на едно демократско и либерално општество“, јави дописничката на МИА од Атина.
Сакеларопулу додава дека исклучокот предвиден со Уставот поради националната безбедност е поврзан со потребата да се заштити земјата, но потребно е толкувањето и спроведувањето „да биде во согласност со принципите на владеење на правото и пропорционалност.“
– Строгото почитување на законитоста и транспарентноста на државното дејствување не претставува само гаранција за индивидуалните права, туку и најклучниот показател за квалитетот на нашата демократија, вели грчката претседателка и додава дека на тоа се базира довербата во државата.
Таа истакнува дека случајот треба да се расчисти со воздржаност и придржување до парламентарните процедури и посочува дека почитувањето и одбраната на демократијата „ги надминува партиите, личностите и позициите“.
Ново на Сител
-
Азески: Да се игра внимателно за помали последици од германската економија
-
Најголем дел од Скопје ќе остане без вода: Затворањето на главниот цевковод почнува во петок
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години Сител со К-15
-
30 години Сител со Куманија
-
30 години Сител со Лазе Паковски
-
30 години Сител со Тони Михајловски
-
30 години Сител со Коле Ангеловски