Грчката полиција заплени 500 кг марихуана шверцувана од Албанија
Грчката полиција заплени голема количина марихуана во планински предел во близина на грчко-албанска граница кај Јанина.
- Станува збор за 500 килограми марихуана,која албански нарко шверцери ја имаа скриено во планински предел за да потоа ја транспортираат на грчкиот нарко пазар. Во акцијата нема уапсени ни осомничени лица,-стои во полициското соопштение.
Во меѓувреме албанската полиција, кај месноста Сиќил во близина на градот Делвина, при контрола открила и запленила 51 килограми марихуана а трага по двајца албански државјани на 24 и 29-годишна возраст.
Само пред неколку дена грчката гранична патрола на патниот правец Козан-Јанина заплени 335 килограми мархуана прошверцувана од Албанија. Истиот ден албанската полиција,во приморскиот град Валона запленети се 685 килограми мархуана и моторен чамец со кој требало истата да биде транспортирана во правец на Италија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти