Грчката полиција повлекува нотеси на кои пишува Македонија и Северен Кипар
Се повлекуваат нотеси/агенди за 2019 со знакот на грчката полиција, доставени за продажба до сите полициски служби низ цела Грција, бидејќи на отпечатената мапа пишува Македонија и Северен Кипар.
По објавените фотографии и реакциите во грчките медиуми, од грчката полиција соопштуваат дека за печатењето била задолжена приватна компанија, ќе се спроведе внатрешна истрага, а нотесите ќе бидат повлечени, јави дописничката на МИА од Атина.
-Од раководството на грчката полиција наредено е да спроведе административна истрага за одговорност, бидејќи е утврдено дека во нотесите/агенди за 2019 на полицијата, печатени од приватна компанија на една од мапите содржани во нив погрешно се отпечатени имињата на наши соседни земји. Освен тоа, веднаш се повлекуваат нотесите/агендите доставени до полициските служби, соопштуваат од грчката полиција, пренесе МИА.
Грчките медиуми, за целиот случај коментираат дека е голем гаф и голема грешка на полицијата.
Ново на Сител
-
Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“
-
При претрес кај 21-годишник пронајдена марихуана, кокаин и пиштол | ФОТО
-
Јаневска: Развиваме нова образовна квалификација - специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Авионот на Вучиќ е приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден
-
Во сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди се здобил малолетник
-
Мерц по средбата со Макрон: Сите членки на ЕУ мора да ги зголемат издвојувањата за одбраната
-
До крајов на неделава нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи